Град Скопје: Со акција за садење го одбележавме денот на ЈП „Паркови и зеленило“
- СООПШТЕНИЕ: Почитувани, Со садење на над 2000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со вработените од Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје, денес го одбележаа денот на градското јавно претпријатие кое континуирано работи на уредување на градското зеленило. Акцијата за садење денес се одвива по средишните и странични зелени коридори по булеварот Партизански одреди на потегот од мостот Обединети нации до Центар.
1 март 2024
Почитувани,
Со садење на над 2000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со вработените од Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје, денес го одбележаа денот на градското јавно претпријатие кое континуирано работи на уредување на градското зеленило. Акцијата за садење денес се одвива по средишните и странични зелени коридори по булеварот Партизански одреди на потегот од мостот Обединети нации до Центар.
Истовремено, Град Скопје продолжува со големата еко акција со реализација на бројни активности на садење дрвја и садници на повеќе локации низ Скопје, а продолжуваат и акциите планирани за пошумување на парк шумата Водно и парк шумата Гази Баба. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувувањето на здравјето на луѓето, а престојот во природа е клучен за одржување на физичкото и ментално здравје. Затоа од големо значење е да се достапни повеќе можности граѓаните да престојуваат во природа, а истовремено да се подигне свесноста за важноста од покажување посебна почит кон природата и одговорен однос кон неа без нејзино загадување и уништување.
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Фејсбук на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска