• сабота, 23 ноември 2024

Град Скопје: Претседателот на Советот одлучи да не ја прифати иницијативата на Арсовска за итна седница

Град Скопје: Претседателот на Советот одлучи да не ја прифати иницијативата на Арсовска за итна седница

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески одлучи да не ја прифати иницијативата на градоначалничката Данела Арсовска за свикување итна седница на Советот со единствена точка на дневен ред - откажување од месечните паушали на советниците со цел тие да бидат донирани за лекувањето на малиот Леонид Индов.

Славески и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како што информира Град Скопје уште еднаш покажаа дека единствено нешто кое ги интересира е месечниот паушал од 500 евра за седница, а не интересите и доброто на граѓаните.

- Славески и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја покажаа својата малодушност и недостатокот на капацитет за пожртвуваност со цел остварување на општо добро, ставајќи ги своите лични финансиски интереси пред хуманоста, се вели во соопштението.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, како што се наведува, донира една своја месечна плата со цел помош на Леонид.  Дополнително на нејзина иницијатива Град Скопје одржува хуманитарна акција која се одвива во сите средни училишта и јавни претпријатија со цел што побргу да се соберат средствата потребни за лекување на Леонид. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан