• среда, 04 септември 2024

Град Скопје: Пожарот во Расадник ставен под контрола

Град Скопје: Пожарот во Расадник ставен под контрола

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат, соопшто  прес-службата на Град Скопје.

Апелираат општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација, како што нагласуваат, со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина.

-На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните, соопшти Град Скопје. 

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов претходно изјави дека со пожарот во Расадник зафатена е поголема површина со оревови дрвја, грмушки и трева и се шири во сите насоки, но оти нема да се прошири на околните објекти.лв/цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан