• понеделник, 23 декември 2024

Град Скопје: Мостот „Беласица“ се вештачи, во наредните денови ќе биде донесена одлука дали ќе врати во употреба веднаш или ќе има интервенција

Град Скопје: Мостот „Беласица“ се вештачи, во наредните денови ќе биде донесена одлука дали ќе врати во употреба веднаш или ќе има интервенција

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) - Во однос на различните тврдења околу неодамна опожарениот мост „Беласица“ Град Скопје информира дека во овој момент се работи на вештачење на неговата состојба со цел утврдување дали воопшто има структурно оштетување и дека во наредните денови ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави во употреба.

- Во моментот мостот е затворен како превентива, се додека не добиеме уверување од релевантните институции дека е безбеден или дека треба да се интервенира. Несериозно е од декани, неименувани експерти како и неименувани „извори“ да се предизвикува паника кај граѓаните, стои во соопштението на Град Скопје.

Оттаму велат дека ги демантираат и дезинформациите и паушалните раскази на медиуми кои ја користат оваа ситуација за водење на политичка агенда која на ниту еден начин не помага на разрешување на ситуацијата и апелираат да не се предизвикува паника во јавноста со, како што се вели во соопштението, паушални изјави кои не се базирани на никакви информации, вештачења ниту пак истражувања. 

Инаку, ноќта помеѓу 11 и 12 мај, изби пожар во мостот „Беласица“, којшто според известувањата Центарот за управување со кризи, бил пријавен околу полноќ на единствениот број за итни повици 112. На мостот интервенираа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, којашто била на терен со осум противпожарни возила и 21 пожарникар и пожарот беше изгаснат околу четири часот наутро.

Од противпожарната единица, тогаш за МИА изјавија дека Запалена била електрична инсталација и систем за парно греење. сх/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан