• сабота, 23 ноември 2024

Градската депонија во Кавадарци доби електрична енергија, 24 часовна чуварска служба и видеонадзор

Градската депонија во Кавадарци доби електрична енергија, 24 часовна чуварска служба и видеонадзор

Кавадарци, 10 август 2024 (МИА) – Градската депонија во Кавадарци од синоќа доби електрична енергија, со тоа се создадоа можности за 24 часовна чуварска служба и видеомониторинг, со што дополнително ќе се зголеми безбедноста, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на „Фејсбук“.

Инвестицијата е на јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.

Директорот на претпријатието, Гоце Ангеловски појасни за МИА, дека изминатите околу шест години, немало можност за ноќна чуварска служба и видеонадзор, поради тоа што локацијата не била обезбедена со електрична енергија. Пред тие шест години пак, биле поставени панели за добивање на струја од сончева енергија, но постојано биле мета на крадци.

- Одведувањето електрична енергија до локацијата уште повеќе ја зголемува нашата превентивна противпожарна заштита, се грижиме да нема палење на депонијата како во минатото. Веќе неколку години со добар третман и ставањето земја над депонираниот отпад, успеваме да спречиме горење на отпадот и загадување на околината. Така ќе продолжиме и во иднина, нагласи Ангеловски. свд/ир

Фото: „Комуналец“

Остани поврзан