• сабота, 23 ноември 2024

Градоначалничка во Каталонија казнета поради навреди кон муслиманите

Градоначалничка во Каталонија казнета поради навреди кон муслиманите

Барселона, 26 август 2024 (МИА) - Автономната влада на Каталонија на истокот на Шпанија ја казни крајнодесничарската градоначалничка Силвиа Ориолс со 10.000 евра поради навреда кон муслиманите изречени во телевизиска програма, јавува Анадолија.

Ориолс, градоначалничка на округот Рипол во Жирона, Каталонија, и членка на каталонската националистичка крајнодесничарска партија Алианца Каталана во регионалниот парламент, е казнета како дел од истрагата покрената против неа поради исламофобични изјави.

Ориолс, која е казнета со 10.000 евра во согласност со законот кој има за цел борба против исламофобијата и ксенофобијата во регионот на Каталонија, изјави за телевизијата 8TV дека муслиманите кои живеат во Каталонија „претставуваат закана за каталонскиот идентитет“.

Ориолс по пресудата оцени дека „казната што ја добила претставува напад врз слободата на изразување“.

Според официјалните податоци, во Каталонија, регионот во кој живеат најмногу муслимани во Шпанија, има речиси 700.000 муслимани. ссм/

фото: Инстаграм

Остани поврзан