• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалничката Арсовска ја отвори регионалната конференција за зајакнување на претприемништво

Градоначалничката Арсовска ја отвори регионалната конференција за зајакнување на претприемништво

Скопје, 20 ноември 2023

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја отвори дводневната регионална конференција „Соработка за зајакнување на претприемништвото и растот на малите и средните претпријатија“, во организација на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, на која учествуваат владини претставници и претставници од академската фела од Србија, Хрватска, Турција, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина. 

- Градот Скопје посветено работи на подобрување на услугите со цел отстранување на административните бариери за кои најчесто забелешки истакнуваат граѓаните и стопанството. Новите програми за претприемништво и поддршка на иновации на град Скопје, се дел од приоритетните заложби на кои посветено работиме, со цел поттикнување на локален економски развој и воспоставување на соработка меѓу Град Скопје и приватниот сектор. Формиравме Совет за жeни претприемачи, кој придонесува во креирањето политики и програми со кои придонесуваме за економски силни и финансиски стабилни жени претприемачи и постигнување нивна одржливост. Малите и средни претпријатија се столбот на економијата, создаваат работни места, поттикнуваат иновации и придонесуваат за економски раст. Развојот на малите и средни претпријатија значи зајакнување на конкурентноста и претприемништвото, што директно влијае врз подобрувањето на ефикасноста, продуктивноста и степенот на иновации во економијата. Денес имаме одлична можност за размена на добри практики и позитивни искуства, од кои произлегуваат решенија и конкретни мерки за полесно справување со заедничките економски предизвици во регионот, истакна Арсовска.

Градоначалничката Арсовска потенцираше дека Советот за женско претприемништво на Град Скопје како прва платформа од овој вид во Македонија, е препознаена како добра пракса и имплементирана во повеќе градови, при што годинава покрај учеството во градењето на политиките на локално ниво, како дел од предлозите на советот, за прв пат се одвојува буџет за финансиска поддршка на жените претприемачи со цел придонес за нивно економско зајакнување и финансиска независност.

Целта на регионалната конференција е да ги обедини клучните владини агенции и чинители од земјите од Западен Балкан, Турција и соседните земји-членки на ЕУ, но и преостанатата придружна инфраструктура за да се создаде динамичен екосистем кој ги поттикнува претприемачите и иновациите со што ќе ја зајакне нивната економска отпорност и ќе придонесе за одржливиот економски развој на поширокиот економски развој.

 

Град Скопје 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан