Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје
- Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го посети првороденото бебе родено една минута по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
![Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје](https://mia.mk/index.php/images/20250101143548_big_730x400_77.webp )
Скопје, 1 јануари 2024 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го посети првороденото бебе родено една минута по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
- На мајката за која ова е прво дете и бебето Јаков во новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и пригодни подароци. Наша желба за младата Сања Талевска и за целото семејство е заедно да се радуваат на успесите на Јаков во годините кои претстојат, напиша Арсовска во објава на Фејсбук.
Првороденото бебе во Скопје го посетија и министерот за здравство Арбен Таравари со сопругата и сопругата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски. бак/
Фото: Фејсбук статус