Градоначалникот Ќура оствари средба со заменик народниот правобранител Руфати
- Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура денеска имаше средба со заменик народниот правобранител, Илбер Руфати и неговиот тим на која го запознал со состојбата со водоснабдувањето во општината.
Струга, 20 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура денеска имаше средба со заменик народниот правобранител, Илбер Руфати и неговиот тим на која го запознал со состојбата со водоснабдувањето во општината.
Општинската прес-служба соопшти дека биле презентирани сите преземени мерки за надминување на проблемот.
- Градоначалникот истакна дека прашањето се третира со целосна институционална одговорност, без лични или партиски интереси, при што се ангажирани релевантните институции и приватен експерт со цел изнаоѓање брзо и одржливо решение, соопшти Општина Струга.
Водата во Струга и околните села скоро две недели е забранета за секаква употреба поради заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот. сс/дма/
Фото: Општина Струга