• сабота, 23 ноември 2024

Градоначалникот Ѓорѓиевски се сретна со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн

Градоначалникот Ѓорѓиевски се сретна со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со унгарскиот амбасадор во земјава Андраш Клајн.

На средбата, како што информира Општина Кисела Вода, се дискутирало на повеќе теми во насока на унапредување на соработката, а пред се на културната соработка. Средбата е во пресрет на Националниот ден на унгарскиот народ кој Општина Кисела Вода секоја година го одбележува со свеченост пред спомен-плочата на Шандор Петефи во населбата Драчево.

Општина Кисела Вода соопшти дека во основните училишта на територија на оваа локална самоуправа и оваа година ќе биде распишан конкурс на теми поврзани со животот и делото на Шандор Петефи, за Унгарската револуција од 1848 година и за поставувањето на темелите за целосно осамостојување на унгарската држава. За најдобрите ќе има награди од Унгарската амбасада.

Градоначалникот Ѓорѓиевски, како што се наведува, доби и покана за претстојната свеченост на Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“, чиј претседател Јожеф Шутуш бил присутен на денешната средба. ад/мд/

Фото: Општина Кисела Вода 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан