• среда, 27 ноември 2024

Градоначалникот Ѓорѓиевски на терен со екипите за расчистување на штетите по невремето

Градоначалникот Ѓорѓиевски на терен со екипите за расчистување на штетите по невремето

Скопје, 23 јуни 2024 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и екипите за расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода, вечерва активно работат на санација на штетите. Како што истакна, немало премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш. Ги извести граѓаните дека и тој и екипите стануваат на терен и дека сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.

-Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија штета. Не голема, но доволно за интервенција. За среќа, имавме многу малку повици за поплавени домови и неколку паднати дрвја, каде што веднаш интервениравме!

 За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен.

Сите служби се на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на: 071391250 и 070259942, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан