• вторник, 24 декември 2024

Градоначалникот Трајковски ја најави активноста „Опремување и осветлување на Градскиот парк во Делчево“

Градоначалникот Трајковски ја најави активноста „Опремување и осветлување на Градскиот парк во Делчево“

Делчево, 23 септември 2024 (МИА) - Во рамки на проектот „Направи Разлика“ чија имплементација со локални активности се спроведува и во Општина Делчево, во наредниот период ќе се реализира активноста „Опремување и осветлување на Градскиот парк во Делчево“, информираше денеска градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски. 

Иницијативата за ваква активност, како што додаде тој, произлезе од членовите на Младинска Банка Делчево кои се поддржани од Колеџот на заедницата Делчево. 

- Активноста опфаќа набавка и монтажи на урбана опрема односно клупи. Предвидена е замена на постојните клупи во градскиот парк во Делчево но и поставувaње на нови клупи на неколку локации во градот. Во првата фаза од проектот преку набавка спровеена од општина Делчево набавени се 10 стандардни клупи и 8 клупи со должина д 31 метар наменети за паркот кај паднатите борци и фонтаната „Бесконечност“ во Делчево, истакна Трајковски.

Втората фаза ќе биде реализирана со набавка на дополнителен број на клупи од страна на Здружението Регионален центар за застапување како носител на проектот кој ќе набави уште 48 клупи.

 

- Клупите ќе бидат постaвени на локации во градскиот парк, и на локации низ градот каде е утврдена потреба од ваков вид на урабана опрема. Сите  предвидени активности треба да завршат до декември годинава, додаде Трајковски 

Во Младинската Банка Делчево членуваат млади од 15 до 30 години, додека претставници на бизнис секторот и НВО секторот од Делчево се дел од Колеџот на заедницата. Проектот е во имплементација на Фондацијата за развој на локалната заедница  Штип, а финансиран од USAID. вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан