• петок, 08 ноември 2024

Градоначалникот Стефковски на првиот училиштен ден во ООУ „Његош“ во Колонија

Градоначалникот Стефковски на првиот училиштен ден во ООУ „Његош“ во Колонија
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска го посети општинското основно училиште „Његош“ во Колонија, каде присуствуваше на приемот на првачињата и првиот училишен час. Во обраќањето на приемот на првачињата, како што соопштија од општината, тој изразил задоволство што присуствува на приемот на првачињата и на првиот училишен час со цел да им посака успешен почеток на образовниот процес на првачињата кои од денеска започнуваат една нова етапа во животот. - Образованието е процес на стекнување знаења, вештини, вредности, верувања и навики. Образованието е многу значајно за раст и развој на детето и се смета за клуч за успех и светла иднина. Образованието на нашите деца почнува од рана возраст. За прв пат се среќаваат со учењето преку игра во градинка, потоа продолжуваат во основно и средно училиште. На наставниците во училиштето им порачав: денес е денот кога ја превземате одговорноста за едукација на дечињата. Ваша цел треба да биде нивниот напредок, развој и стекнување на образование. Направете ги сите лекции лесни и забавни. И создавајте атмосфера, дечињата со нетрпение очекуваат да присуствуваат на вашиот час, напиша Стефковски на својот фејсбук профил по повод приемот на првачињата. Драги дечиња, посочува тој, од денес за вас започнува процесот на учење и другарување во училниците и училишните клупи. - Ќе ги осознаете природните науки, македонскиот јазик, ќе се стекнете со основните знаења кој ќе ги паметите низ целиот живот, а за сето тоа да биде лесно, тука се вашите наставници кои ќе го трасираат патот на вашата иднина. На сите ученици им посакувам среќен почеток на образованиот процес и денови исполнети со неизмерна среќа, радост и другарување. Општина Гази Баба оваа година за прв пат на сите 750 првачиња им додели еднократен паричен надоместок во висина од 3000 денари, напиша Стефковски. рп/аа/

Остани поврзан