• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалникот на Њујорк, Адамс обвинет за сексуален напад во 1993 година

Градоначалникот на Њујорк, Адамс обвинет за сексуален напад во 1993 година

Вашингтон, 23 ноември 2023 (МИА) – Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс е обвинет за сексуален напад врз жена во 1993 година. Во тужбата се наведува дека жената била нападната кога работела со Адамс за градската управа.

Во тужбата, поднесена во Врховниот суд на Менхетен, се бара судење и отштета од пет милиони долари.

- Градоначалникот не знае која е оваа жена. Ако некогаш се сретнале, тој не се сеќава на тоа. Но, тој никогаш не би направил ништо за да нанесе физичка повреда на друго лице, и тој жестоко негира какви било слични тврдења, изјави портпаролот на Градското собрание на Њујорк.

Адамс, кој е демократ, бил полицаец од Њујорк, а пред политички да се ангажира тој имаше чин капетан. Пред да стане градоначалник, тој беше државен сенатор.

ФБИ против Адамс води истрага за неговата кампања во 2021 година, при што беа запленети неговите телефони, а агентите упаднаа и во домот на неговиот главен спонзор на кампањата. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан