• сабота, 23 ноември 2024

Градоначалникот на Чаир во посета на Тирана

Градоначалникот на Чаир во посета на Тирана
Тирана, 19 октомври 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска беше пречекан од градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај. Ганиу е придружуван од петте средношколци од Чаир - Кренар Ахмети, Дијар Селами, Анди Ганиу, Ендрит Шаќири, Јасир Идризи, кои ја креираа најдобрата национална апликација за вселенскиот центар НАСА, како и дел од општинскиот персонал. Двајцата градоначалници на средбата разговараа за развој на низа заеднички активности и проекти кои ќе ги задржат граѓаните на двете земји уште поблиску еден до друг, но и, како што посочија, директно ќе влијаат на што е можно подобро развивање на нивниот живот. Градоначалникот Ганиу истакна дека со здружување на силите меѓу Тирана и Чаир, напредокот на секое поле е повеќе од загарантиран. - Ми беше огромно задоволство што наидов на топло добредојде од мојот пријател Велиај, ветивме дека ќе работиме заедно и ќе соработуваме почнувајќи од областа на културата, локалниот економски развој, размената на искуства на нашите кадри. Ќе се поврзуваме и соработуваме поинтензивно од кога било досега, рече Ганиу. Велиај, пак, потсетувајќи дека оваа година Тирана е европска младинска престолнина, истакна дека денешната средба е уште покомплетна со присуството на петте млади кои направија толку важно откритие за сите. - Ова е многу големо, несекојдневно достигнување кое треба да послужи како пример за младите и предизвик дека сè повеќе треба да инвестираме во младите. А од друга страна, општина Чаир, која всушност е Старо Скопје, ќе можеме да ја земеме како пример за многу процеси, конкретно во областа на културниот развој и зачувувањето на националното наследство, рече Велиај. Двајцата колеги ветија дека ќе остварат почесто вакви средби, а со тоа, кко што истакнаа, и ќе ја продлабочат меѓусебната соработка. фб/фф/

Остани поврзан