• вторник, 24 декември 2024

Градоначалникот на Ново Село, пожарникари и цивили се заробени од пожарот на планината Огражден

Градоначалникот на Ново Село, пожарникари и цивили се заробени од пожарот на планината Огражден

Струмица, 17 јули 2024 (МИА) - Во драматично обраќање преку фејсбук градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов заедно со тим на пожарникари од ТППЕ Струмица и неколку цивили побара помош да бидат евакуирани од местото на пажарот над селото Бадилен каде од сите страни се заробени од огнената стихија.

-Од сите страни околу нас гори и очекуваме двата хеликоптери кои го гаснат пожарот да изгаснат еден негов дел за да можеме да се евакуираме или да дојдат по нас да не земат, бидејќи сите копнени врски се прекинати, изјави Божинов.

Како што изјави Божинов тие се опколени од огнот во радиус од 500 метри и очекуваат што обргу да бидат извлечени. рт/дма/


Фото: принт скрин ТППЕ Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан