• среда, 25 декември 2024

Градоначалникот на Македонска Каменица,Атанасовски најави неколку клучни проекти за во 2023

Градоначалникот на Македонска Каменица,Атанасовски најави неколку клучни проекти за во 2023
Македонска Каменица, 7 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски најави неколку клучни проекти на кои Општината ќе работи во текот на 2023 година. Меѓу поважните приоритетни проекти, по навршувањето на една година од својот мандат, Атанасовски посочи дека приоритет за наредната година ќе биде изградбата на најмалку десет локални патишта во руралните средини. - Очекувам исто така конечно завршување на неколку улици во централното градско подрачје, инфраструктурно уредување на индустриската зона, почеток на изградба на нова општинска зграда, почеток на изградба на општински центар за услуги, зафат за вода во село Цера и филтер станица, неколку нови водоводни и канализациони системи во руралните средини, уредување на дел од градски базен и просторот околу истиот, истакна Атанасовски. Со нови инвестиции очекува подобрување и на воспитно-образовниот процес, а најави и нови проекти во областа на социјалата, спортот и културата. - Докажавме дека можеме и знаеме и наше ветување е дека 2023 година ќе биде уште поуспешна и дека посветено и одговорно ќе ја изградиме најмодерната општина во Македонија, додаде Атанасовски. Програмата за работа во наредната 2023 година Атанасовски ја најави во рамки на политичкиот Саем - Промени што носат иднина, каде посочи дека општината работи на побрза реализација на проектите, како и на изнаоѓање на дополнителни извори на приходи. вс/цр

Остани поврзан