• среда, 27 ноември 2024

Градоначалникот на Гази Баба даде отчет за сработеното во изминатите три години

Градоначалникот на Гази Баба даде отчет за сработеното во изминатите три години
Скопје, 9 ноември 2020 (МИА) - Градоначалникот на скопската Општина Гази Баба, Борис Геориевски, денеска на прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатиот тригодишен период и ги презентираше активностите што треба да се реализираат во следниот период. Од проектите што веќе се реализирани, Геориевски меѓу другото ги спомена изградбата и реконструкцијата на вкупно 80 улици во должина од 51 километар, изградбата на повеќе од 20.000 метри водоводна и канализациска мрежа во повеќе населени места, опремувањето на градинките „Калинка“ во Железара и „Морковче“ во Јурумлери, поставувањето на 115 паметни табли во училиштата. - Посветени на Гази Баба за овие три години со средства на општината и Владата изградивме и реконструиравме вкупно 80 улици во должина од 51 километар. Само оваа година ја започнавме изградбата на локалниот пат од Страчинци до Виниче во должина од 2 километри и локалниот пат во Булачани од основното училиште до викенд населбата во должина од 1100 метри. Веќе се работи и на асфалтирањето на патот Раштак – Бутел, кој сега е проширен и безбеден за учесниците во сообраќајот во должина од 5 километри. Се заврши реконструкцијата и на улицата Фуштанска во должина од 1200 метри. Со средства на градот Скопје се реконструира улицата Благоја Стефковски во нејзината втора фаза, а започна и реконструкцијата на третата фаза од старата Млекара во Маџари до рампа во Хиподром. Со посветена работа за релативно кратко време успеавме да го реконструираме влезот во Скопје, булеварот Александар Македонски, во должина од 5,2 километри во двата правци, рече тој. Георгиевски истакна дека жителите на Јурумлери, Трубарево, Раштак и Булачани добија канализациона мрежа. Тој посочи и дека со средства на Центарот за развој на Скопскиот плански регион е завршена првата фаза од изградбата на новиот плоштад во Синѓелиќ. - Учениците во ООУ „Вера Јоциќ“ добија нова спортска сала. Поставени се 115 смарт табли кои овозможуваат модерна интерактивна настава. Оваа година работевме на поставување нова енергетска фасада во ООУ „Крум Тошев“, изградба на ново спортско игралиште и реконструкција на кровот во ООУ „Његош“. Целосно се изврши молерисување на училиштата „Дане Крапчев“, „Наум Наумовски Борче“ и „25-ти Мај“, потенцираше Георгиевски додвајќи дека за поддршка на спортот изградена е бијатлон патека и реконструирани се 22 детски и 15 спортски игралишта. Градоначалникот на Гази Баба посочи дека како Општина вложувале во раззеленување на што повеќе површини, изградиле нови паркови и уредивме 8.250 квадратни метри јавни зелени површини. - За три години со посветена работа успеавме да станеме и најпривлечна општина за нови инвестиции. Досега својот бизнис на наша територија го проширија девет нови инвестиции кои отворија повеќе од 1.000 нови работни места кои директно влијаат врз намалувањето на невработеноста во нашата општина, рече тој. Георгиевски истакна дека во наредниот период се очекува да почне изградбата на новата спортска сала во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци, како и изградба на нова училишна зграда за ООУ „Крсте Мисирков“. - Ќе започне и изградбата на дневниот центар за деца со посебни потреби и сензорната соба. Изградба на фекална канализација во Црешево и Смилковци. Посветени ќе работиме на новата градинка во Ќерамидница, но и на подобрување на условите во оваа населба која преку новиот ДУП треба да прерасне во нова модерна населба, а веќе се работи и на изградба на новиот мост и булеварот АСНОМ кој ги поврзува Гази Баба, Аеродром и Центар. Си земаме за обврска да го затвориме и прашањето со целосно завршување на инфраструктурата во новата населба Хиподром 2, рече градоначалникот Георгиевски. фф/сп/ https://www.youtube.com/watch?v=Zp4D4BeUgCg&feature=youtu.be

Остани поврзан