• сабота, 23 ноември 2024

Градоначалникот Коњановски ја посети битолската печатница АД „Киро Данадаро“

Градоначалникот Коњановски ја посети битолската печатница АД „Киро Данадаро“
Битола, 16 февруари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ја посети најстарата фабрика во градот, печатницата „Киро Дандаро“, основана по Втората светска војна и во која денеска се вработени165 лица. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека раководството на печатницата, го информирале градоначалникот дека со последната инвестиција, реализирана кон крајот на ноември минатата година, фабриката го зголемила капацитетот за 30 отсто, а е зголемен и извозот за 50 отсто кој се реализира во повеќе земји, меѓу кои и Холандија, Англија и Кипар. - Со бизнис секторот решаваме проблеми кои влијаат на работењето на стопанствениците, но и на движењето на граѓаните. Локалната самоуправа е насочена кон инфраструктурно уредување на градот, а оваа година, планира комплетна реализација на проектот за изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици на различни локации во општината, посочи Коњановски. На барање на печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола во наредниот период ќе се надмине проблемот со пристапните сообраќајни влезови кон таа компанија.мт/фф/

Остани поврзан