• вторник, 24 декември 2024

Градоначалникот Костадинов бара огревното дрво да се испорачува најдоцна до септември за да се намали аерозагадувањето

Градоначалникот Костадинов бара огревното дрво да се испорачува најдоцна до септември за да се намали аерозагадувањето

Струмица, 4 март 2024 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и Локалниот совет за превенција бараат од ЈП „Национални шуми“ огревното дрво до потрошувачите да го доставува најдоцна до септември за да може да се намали аерозагадувањето.

Ова е еден од заклучоците од последната седница на Локалниот совет за превенција, на која беше формирано и Координативно тело за справување со екстремното загадување на Струмица во зимските месеци.

-Одлучивме да побараме од ЈП „Национални шуми“-Струмица доколку нема доволно огревно дрво или зависи од тендерски постапки за сеча на дрвата, тогаш да го земат тоа огревно дрво од други подрачни единици на претпријатието, кои ја имаат количината, а не се соочуваат со проблем на аерозагадувањето. Дрвото да биде испорачано во складот во Струмица и најдоцна до септември да се достави до потрошувачите, рече Костадинов.

Според него, вреди тоа да се направи за да се види дали за 20 или 30 отсто во грејната сезона ќе се намали аерозагадувањето. Како што рече Костадинов, треба што поскоро да се разговара со „Национални шуми“ и овој проблем да се реши пред почетокот на новата сезона.

Инаку, според досегашните анализи и мерења констатирано е дека најголем загадувач на амбиенталниот воздух во Струмица е токму затополувањето со огревно дрво, посебно кога тоа не е суво и според истражувањата тоа дава од 4 до 5 пати повисоки концентрации на ПМ честички во воздухот. рт/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан