• петок, 05 декември 2025

Градоначалникот Костадиновски го посети Дневниот центар на лица со попреченост во Виница

Градоначалникот Костадиновски го посети Дневниот центар на лица со попреченост во Виница

Виница, 3 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот Митко Костадиновски, по повод 3 декември , Меѓународниот ден на лица со попреченост, денеска го посети Дневниот центар за згрижување на лица со попреченост во Виница 

-   Овој ден е потсетник за важноста од поддршка, инклузија и почитување на лицата со попреченост, но и потсетување дека тие не треба да бидат во фокус само на 3 декември. Тие ги живеат своите предизвици, успеси, радости и потреби секој ден, исто како и сите други, и заслужуваат континуирана внимание, разбирање и рамноправни можности, нагласи градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, при посетата на центарот каде беше приредена пригодна програма во која учествуваа и дечињата од ДГ „Гоце Делчев“.

Општината останува посветена на создавање услови за подобар, подостапен и поквалитетен живот за лицата со попреченост, а ваквите средби се доказ дека заедништвото  и инклузијата можат да ја направат заедница посилна, смета Костадиновски. ис/нд/

Фото: Општина Виница

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан