• четврток, 07 ноември 2024

Градоначалникот Горанчо Крстев поднел пријава за ширење дезинфомации, полицијата се уште не постапила

Градоначалникот Горанчо Крстев поднел пријава за ширење дезинфомации, полицијата се уште не постапила
Скопје, 13 април 2020 (МИА) - Во Општина Чешиново Облешево еден вработен е тестиран и е негативен на Ковид-19, а се очекуваат разултати и од останатите вработени кои имале контакт со градоначалникот на општината Горанчо Крстев, кој повеќе од 12 дена е во самоизолација поради тоа што е позитивен на коронавирусот. Крстев информираше дека се чувствува добро, но и дека има дезинформации низ општината за кои тој реагира и пријавил во полиција. Градоначалникот рече дека слушнал дезинформации дека за него се зборува дека починал и дека се уште полицијата нема превземено никакви активности против лицето, иако, како што рече, има закон за ширење на лажни информации Општината, рече Крстев во јавувањето во емисијата Топ тема на телевизија Телма, функционира и редовно се извршуваат сите активности. Информираше дека редовно се собира сметот од страна на Јавното комунално претпријатие дека се издадени потврди за маркети кои треба да доставуваат храна за време на полициски час, а се прскаат и улиците со средства за дезинфекција. бк/дма/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан