• вторник, 26 ноември 2024

Градови и села во северен Израел нападнати со ракети од територијата на Либан

Градови и села во северен Израел нападнати со ракети од територијата на Либан

Тел Авив, 4 октомври 2024 (МИА) - Градови и села во северниот дел на Израел повторно беа нападнати со ракети од територијата на Либан, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на израелската армија.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека 20 ракети биле насочени кон областа на градот Хаифа.

Воздушна тревога има во многу градови на север и исток во Галилеја. Неколку од проектилите биле пресретнати, а останатите паднале на отворен терен, соопшти армијата. Според првичните информации, нема извештаи за жртви или поголема материјална штета.

Шиитското движење Хезболах во Либан, поддржано од Иран, го нападна Израел со ракети во знак на солидарност со палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа. Борците на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври и извршија серија напади врз градови и кибуци во кои, според израелски информации, загинаа 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа земени како заложници, забележа ДПА. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан