• петок, 05 декември 2025

Градилиште се урна јужно од Сеул, заробени неколку работници

Градилиште се урна јужно од Сеул, заробени неколку работници

Сеул, 11 април 2025 (МИА) - Во јужнокорејскиот град Гвангмеонг, јужно од Сеул, денеска се урна градилиште, а спасувачите не можат да дојдат до работниците, објавија властите.

Засега не се знае колку работници се заглавени, ниту дали има жртви, пренесува Јонхап.

Властите претходно добиле извештаи за ризик од уривање на градилиште за вентилациско вратило. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан