Градежни зафати за обновување на зградата на средното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Охрид
- Со средства обезбедени од буџетот на општината се спроведуваат зафати за реновирање на зградата на Средното економско училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Охрид.

Охрид, 22 февруари 2022 (МИА) – Со средства обезбедени од буџетот на општината се спроведуваат зафати за реновирање на зградата на Средното економско училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Охрид.
Реновирањето на објектот, што е проценето на околудевет милиони денари, ќе се одвива во неколку фази, а како што појасни градоначалникот, Кирил Пецаков, прво ќе се поставува термо-фасада за заштеда на електрична енергија. Следно е замена на покривот на објектот и промена на внатрешната столарија.
- Во втората фаза обезбедена е проектна документација за промена на начинот на загревање на училишето, наместо на нафта ќе се затоплува со топлински пумпи и трет дел со што ќе се заокружи реновирањето на училиштето ќе биде партерното уредување на дворот со што ќе добие нов лик. Како дел од реконструкцијата ќе се обнови и старата и дотраена електрична инсталација, рече Пецаков.
Според градоначалникот на Охрид, инвестициите за подобрување на образовниот процес во градот ќе бидат меѓу приоритетите на актуелната локална власт. За оваа година е предвидено реновирање на три основни училишта - „Христо Узунов“ и „Братство Единство“ во градот и „Св. Наум Охридски“ во Пештани. аб/вј/
