• среда, 25 декември 2024

Градежни активности на штипската улица „Пиринска“

Градежни активности на штипската улица „Пиринска“

Штип, 13 ноември 2023 (МИА) - Почна уредувањето на  дел од станбените згради на штипската улица „Пиринска“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека во меѓувреме се работи на отпочнување на активности со кои ќе се припрема за асфалтирање крак од улицата „Ванчо Прќе“. На ваков начин централното градско подрачје во Штип добива поинаков лик.

 -Продолжуваме со активностите во неколку населби во нашиот град. Денес започнува уредувањето на влезот на станбена зграда на улица „Пиринска“. Ќе се изврши асфалтирање на овој потег, партерно уредување на еден дел од станбената зграда. Очекувам во текот на денот или најдоцна утре да се започне со припрема за асфалтирање и на пристапната улица, односно крак од улицата „Ванчо Прќе“, изјави Јорданов.

Посочи дека досега се уредени дваесетина влезови на станбени згради низ градот Штип, а до крајот на годината имаат план за уште најмалку десетина. До сега хортикултурно се уредени влезовите во населбите Автокоманда и Сењак, а се работи и во 8 Ноември. Јорданов потенцираше дека на терен активности ќе има додека дозволуваат временските услови.

-Како што знаете во изминатиот период работевме на партерно уредување на влезовите на станбени згради во населбата Автокоманда, во Сењак, а влегуваме и во населбата 8 Ноември. Повеќе од 20 станбени згради се со завршени влезови и пристапи. Очекувам до крајот на годината да бидат опфатени повеќе од десетина станбени згради со уредување, асфалтирање на пристапни улици и слично, рече Јорданов.

Тој истакна дека  проектите за хортикултурно уредување на влезови пред станбени згради е на барање на жителите во Штип. вдј/вј/ 

Фото: МИА

 

Остани поврзан