• сабота, 23 ноември 2024

Градежни активности за изградба на автопатот Прилеп - Битола на Коридор 10д

Градежни активности за изградба на автопатот Прилеп - Битола на Коридор 10д

Скопје, 14 септември 2023 (МИА) -  Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска ќе се обратат на настан по повод градежни активности за изградба на автопатската делница Прилеп - Битола на Коридор 10-д, најави владината прес-служба.

Во мај годинава кај индустриската зона во Прилеп беше поставена табла со податоците за изградбата на автопатската делница (39,3 километри), по што почнаа геоистражувачките работи и останатите подготвителни активности.  Рокот за изградба на автопатот е 57 месеци.

Со Договорот што го потпиша Владата со американско-турскиот-конзорциум „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на автопатските делници Прилеп - Битола на Коридорт10д, како и Тетово - Гостивар, Гостивар - Букојчани и Требеништа - Струга - Ќафасан на Коридорот 8.

Работите на Коридорот 8 почнаа пред два дена со минирање кај селото Горна Бањица за пробивање на трасата на автопатот Гостивар - Букојчани (30,1 километар).

-Ова е прва реална активност со која почнува изградбата на двата коридора, изјави првиот вицепремиер Артан Груби, кој е координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д. лв/хс/

 

 

Остани поврзан