• петок, 21 февруари 2025

Гоф по пласманот во четвртфиналето на Австралија Опен: „RIP, TikTok“ (видео)

Гоф по пласманот во четвртфиналето на Австралија Опен: „RIP, TikTok“ (видео)

Мелбурн, 19 јануари 2025 (МИА) – Американската тенисерка Коко Гоф одговори на забраната на апликацијата „TikTok“ во САД.

Таа по победата ноќеска над Швајцарката Белинда Бенчиќ во осминафиналето на Австралија Опен во 2025 година, напиша на камерата: „RIP (почивај во мир) TikTok во САД“.

Од денес „TikTok“ стана недостапен во САД, а самата апликација исчезна од App Store.

Дваесетгодишната Гоф во четвртфиналето на Грен слем турнирот ќе игра против Шпанката Паула Бадоса. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан