• петок, 05 декември 2025

Гостински победи на двата денешни натпревара во ПМФЛ

Гостински победи на двата денешни натпревара во ПМФЛ

Скопје, 16 август 2025 (МИА) - На двата денешни прволигашки натпревара од 2. коло гостинските екипи остварија победи.

Шкендија ја совлада Македонија ЃП со 3:1, Башкими го освои трите бода на дуелот со Работнички славејќи победа со 2:0.

И вчера се радуваа гостинските екипи. Вардар го победи Тиквеш со 2:1, додека Струга ТЛ го совлада Арсими исто така со 2:1.

Службена победа во второто коло ќе оствари и Силекс, откако нивниот домаќин Шкупи не успеа да обезбеди терен за одигрување на дуелот што требаше да се игра утре.

Во понеделник се игра дуелот АП Брера Струмица – Пелистер. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан