Гори Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица (ВИДЕО)
- Вечерва по 23:00 часот избувна голем пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
![Гори Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица (ВИДЕО)](https://mia.mk/index.php/images/20221105174933_big_730x400_30.webp )
Струмица, 3 јануари 2021 (МИА) - Вечерва по 23:00 часот избувна голем пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
Големиот пожар зафати четири продавници на приземјето и се прошири кон првиот кат, а пожарникарите со големи напори успееја да го стават под контрола и засега не дозволуваат да се прошири на другите продавници.
Според очевидци, пожарот избувнал по 23:00 часот и веднаш се проширил.
-Почна на почетокот од првиот дуќан и брзо се прошири. Мојот бутик е целосно изгорен и во него имаше стока од над 20 илјади евра, рече сопственик на бутик.
На местото на пожарот има голем број граѓани, а повеќе полициски возила го обезбедуваат просторот околу ТЦ „Глобал“, како и возила на првата помош.
Засега не се знаат причините за пожарот, во кој е причинета голема материјална штета. рт/ац/
Видео материјалот е преземен од ТВ Канал Вис
![Струмица Глобал пожар](/articles/images/gori-trgovskiot-centar-global-vo-strumica/yPY7PnwFh/placeholder.webp?use_watermark=0)