• понеделник, 21 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гори мешана шума во Длабочица, општина Старо Нагоричане

Гори мешана шума во Длабочица, општина Старо Нагоричане

Куманово, 3 јули 2025 (МИА) - Гори мешана шума бор, сува трева на подрачјето на село Длабочица во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од територијалната противпожарна единица од општината и од регионалниот центар за управување со кризи Куманово. На терен сè уште се екипи од ТППЕ Старо Нагоричане како и од кумановската подружница на „Национални Шуми“.

-Пожарот избувна после 13 часот. На терен бевме осум пожарникари и две противпожарни возила, на помош дојдоа колегите од ТППЕ од Ранковце со две противпожарни возила и четворица пожарникари и вработени од „Национални Шуми“. Дежураме и гасневме осум пожарникари и сè уште работиме. Утринава пак продолживме, тука се и екипи од кумановската подружница на национални шуми, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

РЦУК Куманово пренесува информација и за пожар во липковско Ваксинце, каде горела сува трева на која интервенирале пожарникари од Куманово. Кумановските пожарникари интервенирале и на сообраќајна несреќа на улицата „11 Ноември“ во населбата Бедиње во Куманово. ам/сст/


Фото МИА и ТППЕ Старо Нагоричане

Остани поврзан