Гори Гоцева шума кај Неготино
- Гори Гоцева шума кај Неготино, на терен интервенираат неготинските пожарникари а помош има и од пожарникарите од Кавадарци, потврди за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Неготино, 29 јули 2023 (МИА) - Гори Гоцева шума кај Неготино, на терен интервенираат неготинските пожарникари а помош има и од пожарникарите од Кавадарци, потврди за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
Градоначалникот изјави дека е на лице место, но засега не може да се каже кои се причините за пожарот. Тој појасни дека изгорел дел од зимзелената шума, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот. свд/бт/
Фото : МИА