• петок, 27 декември 2024

Гордон Ремзи: Пандемијата ги тргна „биртиите“ од улица

Гордон Ремзи: Пандемијата ги тргна „биртиите“ од улица
Лондон, 23 март 2022 (МИА) - Познатиот британски готвач Гордон Ремзи во неодамнешното интервју за „Рејдио тајмс“ се осврна на корона-пандемијата, последиците што таа ги донесе со себе и како тие влијаеја на угостителската индустрија последниве две години. Според него, пандемијата е погубна за сите оние кои се вклучени во индустријата, но тоа било и добра можност да се „збришат“ сите лоши ресторани кои некогаш ги исполнувале улиците. - Последниве две години беа поразителни, но сега сè тоа се подобрува. Мислам дека на сите им е јасно дека „биртиите“ ги нема веќе... Тие времиња никогаш повеќе нема да се повторат, рече Ремзи. ТВ-готварската ѕвезда не прецизираше на кого мисли, но истакна дека верува оти сега значително ќе се подобри квалитетот на храната во рестораните. - Клиентите станаа „многу попаметни“ последните две години. Тие сега знаат многу повеќе за храната отколку порано, така што оние во угостителската индустрија сега се принудени да преземат сè на следното ниво, додаде тој за радиото. Гордон, инаку, често е критикуван од своите следбеници за високите цени во неговите ресторани, а особено беше нападнат околу божиќниот период кога најави дека вечерата ќе чини 370 долари по човек, без вклучени пијалоци.  си/паг/

Остани поврзан