Горан Димовски го извлече светиот крст во Кратово
- Горан Димовски е среќникот што го извлече чесниот крст од осветените води на градскиот базен во Кратово.

Крива Паланка, 19 јануари 2025 (МИА) - Горан Димовски е среќникот што го извлече чесниот крст од осветените води на градскиот базен во Кратово.
Димовски беше најсреќен меѓу триесетината што скокнаа во осветените води на градскиот базен во Кратово и доби ваучер од Зегин во вредност од 15.000 денари.
-На Гордан Димовски кој што го фати Чесниот крст во Кратово му посакуваме многу здравје, среќа и благосостојба. Нека го следи Божјиот благослов и нека му се исполнат сите желби и намери. Водата што денес ја осветуваме донесе нови сили, нови почетоци и духовна обнова за секого од нас. Нека верата, надежта и љубовта нè водат во иднината, напишаа од општината.
Честитки до Димовски упати и градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски.
Утрово крстот беше положен и во водите на Селска Река во село Конопница, кривопаланечко, а среќникот беше Матеј Ѓошевски. ид/дма/
Фото Општина Кратово