• среда, 18 декември 2024

Голикова: Девет повредени лица во терористичкиот напад во Москва се во критична состојба

Голикова: Девет повредени лица во терористичкиот напад во Москва се во критична состојба

Москва, 26 март 2024 (МИА) - Девет лица повредени во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во Москва се во критична состојба, меѓу кои едно дете, додека 29 пациенти се во тешка состојба, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.

Голикова ова го изјави на состанокот со кој претседаваше претседателот Владимир Путин, на кој се разговараше за терористичкиот напад во Москва на 22 март, пренесоа руските меидуми.

Претходно шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин објави дека бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва е зголемен на 139, а бројот на повредени во нападот останува непроменет - 182.

Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во концертната сала „Крокус сити хол“ во предградието на Москва. сд/

Остани поврзан