• сабота, 23 ноември 2024

Голем хендикеп за Хрватска: Перишиќ позитивен на тестот за коронавирус пред осминафиналето со Шпанија

Голем хендикеп за Хрватска: Перишиќ позитивен на тестот за коронавирус пред осминафиналето со Шпанија
Загреб, 27 јуни 2021 (МИА) - Хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Перишиќ има позитивен тест на коронавирус, се наведува на официјалната веб-страница на Хрватскиот фудбалски сојуз. Медицинските служби на националниот тим го изолираа Перишиќ од другите членови на тимот. Триесет и двегодишниот фудбалер ќе помине 10 дена во самоизолација и нема да учествува на натпреварите на хрватската репрезентација. Сите други репрезентативци на „коцкестите“ имаа негативни тестови. На трите натпревари од групната фаза, Перишиќ постигна два гола и направи една асистенција. Тој беше еден од најдобрите и затоа неговото отсуство е голем хендикеп за Хрватска која во осмина финалето на ЕВРО ќе се сретне со Шпанија. Средбата ќе се одржи утре (28 јуни) во Копенхаген со почеток во 18 часот. зс/

Остани поврзан