• сабота, 17 август 2024

Голем пожар близу село Сирково, спасена фарма

Голем пожар близу село Сирково, спасена фарма

Кавадарци, 17 август 2024 (МИА) - Голем пожар избувна во околината на село Сирково кој за жал се шири брзо, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук. 

- Со интервенција е спасена фармата, но сега борбата со огнот продолжува кон шумата. Сите екипи се на терен и се надеваме на брзо локализирање, напиша Јанчев. 

Засега нема повеќе детали за пожарот кај росоманското село Сирково. свд/вг/

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан