• недела, 06 октомври 2024

Големо невреме во Делчевско

Големо невреме во Делчевско
Делчево, 25 јуни 2022 (МИА) - Големо невреме денеска по 19 часот го зафати градот Делчево. Во моментот поплавени се поголем број градски улици, Делчево кратко време беше без електрична енергија, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива во отежнати услови.
На повеќе локации регистирани се срушени бандери, светлечки реклами и билборди, како и срушени ќерамиди, оџаци и соларни панели.
Најголеми штети се регистрирани во населбата Ново Делчево каде, исто така, поплавени се подруми на граѓаните. вс/вг/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан