• среда, 27 ноември 2024

Големи предизборни ветувања на италијанската Демократска партија, „мираз“ за младите гласачи

Големи предизборни ветувања на италијанската Демократска партија, „мираз“ за младите гласачи

Рим, 19 август 2022 (МИА) - Италијанската Демократска партија (ПД) ќе им понуди на младите „мираз“ од десет илјади евра кога ќе наполнат 18 години, се наведува во денеска објавениот партиски манифест.

Програмата на партијата содржи големи ветувања, како што се дополнителни плати за работниците и изградба на 500 илјади домови во рамки на програмата за социјални станови.

„Младите се моторот на иднината на Италија“, напиша лидерот на партијата Енрико Лета на Твитер заедно со списокот на ветувања за привлекување млади гласачи.

Лета рече дека таканаречениот „мираз“ има за цел да им помогне на младите да финансираат понатамошно образование, да платат сместување или да започнат бизнис во земја каде што повеќето социјални бенефиции се поврзани со пензиите.

Партијата предложи и државна гаранција за хипотеки за купување на прв имот, две илјади евра за кирија за студентите и намалување на старосната граница за гласање на 16 години од сегашните 18.

Пред партијата од левиот центар е тешка задача да ја спречи десницата да победи на престојните избори закажани за 25 идниот месец.

Демократската партија според анкетите ќе освои 23 отсто од гласовите. Минатонеделните анкети покажуваат дека десницата е на пат да освои големо мнозинство во двата дома на парламентот. аб/

Остани поврзан