Голема полициска акција во Струмичко-гевгелискиот регион
- Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во тек е голема полициска акција во Струмичко-гевгелискиот регион.

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во тек е голема полициска акција во Струмичко-гевгелискиот регион.
Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најавуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден. бак/
Фото: МИА архива