• вторник, 24 декември 2024

Голема количина отпад извадена од дното на Охридското Езеро кај Трпејца

Голема количина отпад извадена од дното на Охридското Езеро кај Трпејца
Охрид, 12 септември 2022 (МИА) - Поголема количина отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети, бојлери, телевизори и покуќнина извадиле нуркачите од дното на Охридското Езеро кај Трпејца. Акцијата ја реализираше „Клубот за подводни активности“ во рамки на годишната програма за 2022 година на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, при Општина Охрид. Целта, како што соопштија од Општина Охрид, е заштита на Охридското Езеро и подигање на јавната свест. сс/цр

Остани поврзан