• четврток, 06 март 2025

Годишната седница на кинескиот Национален народен конгрес започна денеска

Годишната седница на кинескиот Национален народен конгрес започна денеска

Пекинг, 5 март 2025 (МИА) – Кина денеска ќе ги објави своите политички и економски цели за 2025 година на почетокот на годишната седница на Националниот народен конгрес во Пекинг.

Премиерот Ли Чианг ќе го прочита владниот извештај во Големата сала на народот, кој традиционално ги вклучува целите за економски раст, воениот буџет на Народна Република Кина и ставови за Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија, иако островот се управува самостојно.

Оваа година, седницата на парламент со претставници кои не се избрани на избори, а на која учествуваат околу 3.000 делегати, ќе трае седум дена.

По отворањето, делегатите ќе дискутираат за повеќе владини извештаи, кои ќе бидат ставени на гласање на последниот ден од собранието. Високи министри ќе одржат прес-конференции на различни теми, вклучувајќи ја и кинеската дипломатија.

Според аналитичари, како што пренесува ДПА, не се очекуваат големи изненадувања на овој конгрес, бидејќи Пекинг веројатно ќе ја задржи досегашната политика. Очекувањата се дека целта за економски раст ќе биде слична на онаа во 2024 година, која изнесуваше „приближно 5 отсто“, додека буџетскиот дефицит може да биде малку повисок. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан