• петок, 08 ноември 2024

Годишен концерт на КУД „Бисер“ Кичево во новоизградениот амфитеатар на Китино Кале

Годишен концерт на КУД „Бисер“ Кичево во новоизградениот амфитеатар на Китино Кале

Кичево, 1 октомври 2021 (МИА) - Традиционалниот годишен концерт КУД „Бисер“ Кичево, по 18-ти пат ќе го одржи утре, со почеток во 13 часот и за прв пат на новоизградениот амфитеатар на сцената со ротирачка купола, што ќе биде воедно прв културен настан на Китино Кале одржан по неговата реконструкција што се случуваше изминатава година.

Годишниот концерт ќе биде збогатен со повеќе игри, орски сплетови и вокални изведби, а ќе биде зачинет и со неколку орекестарски ора, потврди Младен Ванчоски, претседател на друштвото.

- За утрешниот Годишен концерт на КУД „Бисер“ нашите изграорци ќе ги изведат ората и орските сплетови Копачија, Лазаренки, Посеље, Ѓурѓовден и Истерување на чумата. Покрај играорците, пред домашната публика ќе се претстават вокалните солисти на друштвото, а истиот ќе биде зачинет и со неколку инструментални ора што ќе ги изведе нашиот оркестар, сподели Ванчоски.

Дополни дека очекуваат со богатата програма да ги задоволат вкусовите на љубителите на македонскиот фолклор, и, како што рече, ќе има и уште поголема симболика затоа што ќе се одржи во сосема нов и досега непознат амбиент. за/ар/

Остани поврзан