• сабота, 23 ноември 2024

Годин: Можам да му помогнам на тимот со моето искуство, бидејќи по 10 години стигнавме до првото полуфинале на Интер

Годин: Можам да му помогнам на тимот со моето искуство, бидејќи по 10 години стигнавме до првото полуфинале на Интер
Дизелдорф, 11 август 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Интер, Диего Годин изрази задоволство по триумфот (2:1) над Баер Леверкузен синоќа во четвртфиналниот натпревар  од Лигата на Европа. - После толку години играње на поинаков начин, ми требаше време да разберам што сака тренерот од мене. Тоа е сосема различен стил на игра, многу голем притисок. Сега сум во добра форма и можам да му помогнам на тимот, вклучително и со моето искуство, бидејќи стигнавме до првото полуфинале на Интер во европска конкуренција по десетгодишна пауза. Ако тренерот сака, ќе играм понапред. Можам да играм надесно или лево, сè е добро. Се чувствувам добро и мислам дека сите правиме најдобри индивидуални резултати затоа што играме тимски. Кога не бев во првиот тим, знаев дека треба да работам понапорно, па го сторив тоа. Тренирав уште посилно за време на паузата на коронавирусот и се вратив посилен, изјави Годин. зс/

Остани поврзан