• недела, 22 декември 2024

Годинава рекордно топење на главниот австриски глечер

Годинава рекордно топење на главниот австриски глечер
Виена, 29 септември 2022 (МИА) -  Глечерот Пастерце (Pasterze), најголемиот во Австрија, поради климатските промени се топи два до четири пати побрзо во 2022 година во споредба со просекот во последните години, според националниот метеоролошки институт ЗАМАГ. - Прелиминарните резултати од есенското мерење покажуваат екстремна година, рече шефицата на Одделот за следење на климата, Марион Грлингер, во изјавата објавена денеска. Дебелината на мразот се намалила за 3,7 метри дури и во горниот дел, над 3.000 метри надморска височина, додека намалувањето било порано по 1,6 метри, рече таа. Во текот на пролетта, дебелината на снежната покривка на Алпите никогаш не била толку мала како оваа година, каде пристигнала песочна прашина од Сахара и го покрила глечерот и сонцето побрзо го затоплувало, а потоа глечерот бил погоден од серија топлотни бранови . Истиот феномен беше забележан летово во целиот алпски планински систем, каде има 4.000 од вкупно 220.000 глечери на планетата. Во понеделникот Германија објави исчезнување на еден глечер, додека извештајот објавен вчера укажува на рекордно топење на швајцарските глечери оваа година. Експертите го припишуваат овој феномен на климатското затоплување, а топењето и исчезнувањето на глечерите придонесуваат за зголемување на нивото на морето, нестабилност на теренот и суша. ссм/

Остани поврзан