• среда, 25 декември 2024

Глухов: Русија нема да спроведе нуклеарни тестови доколку тоа први не го направат САД

Глухов: Русија нема да спроведе нуклеарни тестови доколку тоа први не го направат САД

Москва, 30 август 2023 (МИА) - Дмитриј Глухов, член на постојаната мисија на Русија во Обединетите нации, рече дека Москва нема да врши нуклеарни тестови, освен ако САД први не ги спроведат.

„Сакам да нагласам дека изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, која ја споменаа некои делегации, за хипотетичката можност нашата земја да продолжи со нуклеарните тестови, треба да се разгледува исклучиво во контекст на нашиот одговор на какви било деструктивни дејствија на САД. Тоа е превентивен сигнал за Вашингтон. Нема да прибегнеме кон овој чекор освен ако САД први не го направат тоа“, рече Глухов на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој рече дека Русија е многу загрижена што „САД избегнуваат потпишување на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (ЦТБТ)“.

„Почетокот на потпишувањето на ЦТБТ на 24 септември 1996 година се сметаше за искра на надеж дека ерата на нуклеарни тестови се ближи кон крајот, но за жал, повеќе од четвртина век подоцна, договорот, кој требаше да стави крај на сите видови нуклеарни проби, не стапи на сила, бидејќи осум земји не го ратификуваа“, рече Глухов. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан