Главниот град на Венецуела во карантин
- Главниот град на Венецуела, Каракас, ќе им се придружи на голем број градови низ светот, кои во последните денови воведоа рестриктивни мерки за да спречат ширење на коронавирусот.

Каракас, 15 јули 2020 (МИА) - Главниот град на Венецуела, Каракас, ќе им се придружи на голем број градови низ светот, кои во последните денови воведоа рестриктивни мерки за да спречат ширење на коронавирусот.
Каракас и соседната држава Миранда ќе бидат ставени во карантин за борба против епидемијата на коронавирус, напиша на Твитер претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Како што пренесува Би-Би-Си, тој вели дека зголемиот број заразени е резултат на илегалниот влез на луѓе во земјата.
Според податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс, во Венецуела има повеќе од 10.000 заразени со Ковид-19 и 96 смртни случаи, што е значително помалку отколку во другите земји од Латинска Америка, Перу и Бразил. паг/