• среда, 25 декември 2024

Гимназијалци од Берово во Италија ќе ги продлабочуваат знаењата за здрава исхрана

Гимназијалци од Берово во Италија ќе ги продлабочуваат знаењата за здрава исхрана

Берово, 14 октомври 2024 (МИА) - Вкупно 16 ученици од угостителско – туристичката струка од гимназијата Ацо Русковски од Берово денес заминаа на двонеделна обука во Умбрија, Италија. Во периодот од 14-ти до 28 октомври, како што информираа од учичиштето, беровските гимназијалци ќе бидат дел од реализацијата на Еразмус+ проектот „Здрава исхрана за здрава тежина". 

-Заради таа цел, претходно во просториите на училиштето се одржа родителска средба во врска со реализацијата на студиското патување во Сполето, Италија. Целта на состанокот беше родителите и учениците од угостителско – туристичката струка да се запознаат со целите на проектот, програмата која што ќе ја имаат за време на двонеделниот престој во Италија, како и нивните права и обврски за време на обуката, информираа од гимназијата „Ацо Русковски". 

За реализација на оваа активност на  гимназијата претходно и беше одобрен грант за користење на средства.

-Грантот беше одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ КА122-VET, краткорочни проекти за мобилност на ученици и вработени во стручно образование и обука, на Општинското средно училиште „Ацо Русковски“ од Берово. Грантот за користење средства е во вкупен износ од 51.992 евра, додадоа од беровското Општинско средно учичиште.

Од гимназијата очекуваат успешна реализација на активностите од проектот и збогатување на знаењата на учениците. вс/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан