Гејџи го победи Фергусон во главниот настан на УФЦ 249
- Гејџи веќе е прв во ред за борба со шампионот Хабиб Нурмагомедов, откако доминираше во главниот настан на долгоочекуваната гала вечер УФЦ 249.
Лас Вегас, 10 мај 2020 (МИА) - Џастин Гејџи ја оствари најимпресивната победа во кариерата, со што стави крај на рекордната серија од 12 победи на Тони Фергусон во лесна категорија и заслужено ја крена привремената титула.
Гејџи веќе е прв во ред за борба со шампионот Хабиб Нурмагомедов, откако доминираше во главниот настан на долгоочекуваната гала вечер УФЦ 249.
Тони Фергусон од многумина сметаше дека е човекот кој ќе стави крај на владеењето на Хабиб, но изненадувачки или не, тој беше целосно поразен од моќните тупаници и комбинации на Гејџи.
Гејџи веќе има 22 победи и само 2 порази во ММА (5-2 УФЦ), додека Фергусон за прв пат загуби по 8 години и веќе има статистика 25-4 ММА, 15-2 УФЦ.