Германски резервен офицер обвинет за шпионирање за Русија
- Офицер во резервниот состав на германската армија е обвинет за шпионирање и наводно пренесување информации на руските разузнавачки служби во периодот од 2014 до 2020 година, соопштија денеска

Берлин, 1 април 2022 (МИА) - Офицер во резервниот состав на германската армија е обвинет за шпионирање и наводно пренесување информации на руските разузнавачки служби во периодот од 2014 до 2020 година, соопштија денеска федералните обвинители.
„Офицерот Ралф Г. е осомничен за давање информации за резервите на германската војска, 'цивилна одбрана', влијанието на санкциите против Москва во 2014 година и проектот за гасоводот 'Северен поток 2' меѓу Русија и Германија“, се вели во соопштението на федералното обвинителство. паг/